ЕХФ ја суспендираше Србија, Белград не дозволи натпревар против Косово

333

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја суспендираше Ракометната федерацијата на Србија и ја исфрли српската женска јуниорска репрезентација од квалификациите за Светското првенство, откако Владата во Белград не дозволи денеска да се одигра мечот против Косово.

Во соопштението на ЕХФ се наведува дека српската репрезентација се исклучува од натамошните натпревари, додека натпреварите меѓу останатите екипи за квалификациите за Првенството (Норвешка, Словачка и Косово) ќе се играат во истите термини.

– Поради околностите за кои натпреварот е одложен и неможноста Србија да ја одигра средбата со Косово, ЕХФ одлучи да го исклучи српскиот тим од квалификациите, стои во соопштението од Европската федерација.

Одлуката натпреварот да не се одигра ја донесе министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, потенцирајќи дека не сака да ги тепа граѓаните кои протестираа и дека безбедноста на овој натпревар има висока цена.

Од ЕХФ наведуваат дека ќе продолжат контактите со српската федерација околу надминување на оваа ситуација. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...