Не цело полувреме го дели голманот на Јувентус од уште еден рекорд во италијанскиот фудбал. Ветеранот не примил гол на последните 10 натпревари од Серија А и треба да издржи уште само 43 минута за да стане чувар на мрежата кој најдолго не бил совладан.
Во следниот круг Јувентус на 31 март го пречекува Милан, а Буфон ќе има тешка задача да го зачува својот гол.
Буфон не примил гол на 10 последователни натпревари, или вкупно 931 минута. На саботниот меч со СПАЛ, тој го надмина достигнувањето на поранешниот голман на Милан, Себастијан Роси кој сезоната 1993/94 имаше 929 „суви“ минути.
И сегашниот рекорд е во сопственост на Буфон, поставен е сезоната 2015/16 и изнесува 973 минути.
На светско ниво апсолутен рекордер е Бразилецот Переира де Матос Мазаропи со 1.816 минути зачувана мрежа како голман на Васко де Гама во сезоната 1992/93.
ФОТО: EPA/ALESSANDRO DI MARCO