Во сообраќајка на автопатот кај клучка Стајковци, вчера загина 22-годишниот Б.А. од Скопје. Тој, како што соопшти полицијата управувајќи „фолксваген голф“ изгубил контрола и со возилото удрил во метална ограда и бетонски ѕид.
Во несерќата тешко е повредена и 14-годишна сопатничка од Скопје, а со телесни повреди се здобила и 49-годишната Х.А. исто така од Скопје.
На двајвата им е укажана лекарска помош во Градската општа болница „Св.Наум Охродски“ по што Х.А. била пуштена на домашно лекување, додека14-годишното девојче било однесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде била задржана на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Скопје.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.
За време на увидот од 14.50 до 18.00 часот сообраќајот бил пренасочуван.