Двајца тинејџери, брат и сестра, и нивната мајка се убиени пред три дена во нивниот дом. Момчето Рој било на возраст од 15 години, а неговата сестра Валенија била 16-годишна.
Нивната мајка Красимира Пејчиновска, на возраст од 39 години, по потекло е од Бугарија.
Таткото на децата и поранешниот сопруг на Красимира е Македонец.
Осомничен за ова трикратно убиство е момчето на мајката, Кори Фен, кое било девет години помладо од неа.
-Телата на жртвите се однесени на обдукција и потоа ќе имаме информации за начинот на кој се убиени – изјавила полицијата.
Според сведочењата кои ги објавуваат локалните медиуми во Торонто, Канада, Красимира сакала да ја прекине десетгодишната врска со Кори бидејќи тој ја малтретирал. Тој се противел на тоа, па почнал да ù се заканува.