Двајца тинејџери пријавени за исчезнати

141

Штитеничка од Домот „Ранка Милановиќ“ и момче од Волково, Скопско вчера биле пријавени за исчезнати во две полициски станици во Скопје.

Како што соопшти МВР, во Полициската станица Гази Баба, вчера во 11 часот раководителката на Домот пријавила дека на 8 март во 15.55 часот од установата во непознат правец се оддалечила С.Р.(18) од Скопје, штитеничка на домот.

В.С.(46) од  село Волково, скопско, пак, Во Полициската станица Ѓорче Петров, вчера во 18.20 часот пријавила дека на 17 март во 12.00 часот од домот во непознат правец се оддалечил нејзиниот син М.С.(19).

Се преземаат мерки за пронаоѓање на двете лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...