Двајца Косовци со македонски пасоши сакале да поминат граница

229

На аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид полицијата привела двајца косовски граѓани кои се обиделе со туѓи пасоши на македонски државјани да ја поминат граничната контрола.

„На 4 март година во 18.20 часот, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин – Аеродром „Св. Апостол Павле“ во Охрид, поради сомнение за сторено кривично дело „послуга со туѓа патна исправа“ ги привеле лицата Б.А. (34) и Е.Р. (35), двајцата од Косово. Тие приложиле македонски патни исправи со податоци за лицата С.Д.  (29) од Крушопек, општина Сарај и Р.М. (46) од Сингелиќ, скопско“, информира МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...