Двајца Босанци кои се бореле за ИД загинале во Сирија

146

Двајца државјани на БиХ, кои во Сирија се бореле за Исламска држава (ИД), загинале во земјата на почетокот од март.

Веста за смртта на Насер Арнаут и Инес Миџиќ ја потврди семеен пријател на еден од убиените, кој, како што навел, се обидел да се врати во БиХ.

Инес Миџиќ стана познат откако во јавноста беше објавено видео на ИД во кое ги повикувал муслиманите во БиХ да убиваат неверници, додека Арнаут бил на црвена потерница на Интерпол од 2016 година.

Според податоци од декември 2017 година, во редовите на ИД во изминатите години имало околу 280 државјани на БиХ кои често со себе ги носеле и своите семејства.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...