ДУИ: Оставката на Салији е доброволна и е порака за одговорност на сите

186

ДУИ соопшти дека партиското претседателство ја поздравило одлуката за оставка на министерот за правда Билен Салији како висок морален чин и како порака со висока човечка и политичка одговорност.

„Овој чин на министерот Салији треба да служи како порака до сите носители на политички функции, особено одговорните за владеењето на правото. Оваа оставка ја повторува пораката дека селективна правда не смее да има и сите носиме одговорност за довербата на граѓаните кон институциите на земјата“, се наведува во соопштението.

Претседателството на ДУИ оценило дека „овој висок стандард на индивидуална одговорност поставува нови стандарди во креирањето политики“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...