Во Собранието да се формира работна група која ќе го разгледува случајот со малиот Алмир, побара пратеничката група на ДУИ. Работната грпа би работела во рамките на постојаната Анкеетна комисија за човекови права по урнекот на работната група која исто на иницијатива на ДУИ беше формирана за случајот „Сопот“.
Од партијата информираат дека пратениците на ДУИ денес во Собранието се сретнале со семејството на Алмир Алиу.
– Во согласност со родителот и адвокатот, пратениците на ДУИ иницираа формирање на Работна парламентарна група, каде ќе биде разгледан целио случај со малиот Алмир. Адвокатот на семејството Алиу, Алиспаиќ, рече дека очекува во овој процес да бидат расветлени сите процедурални прекршувања и сите неправди направени од страна на Обвинителството – велат од ДУИ.
Пратениците на ДУИ бараат поддршка од сите парламентарни партии за формирање на работната група за Алмир.
Иницијативата за собраниската работна група е предадена и архивирана во Собранието. уште денес, со иста форма како работната група за случајот Сопот, додека бараме поддршка од сите партии, така што овој процес да не презема политичка, партиска или етничка насока.