ДУИ: Еленовски е наш кадар

2268

Назначувањето на Лазар Еленовски како специјален пратеник на Владата на Република Македонија за НАТО интеграции во Брисел е по предлог на ДУИ, соопшти вечерва партијата.

„Со оглед на објавените информации во јавноста за назначувањето на Лазар Еленовски, би сакале да ја информираме јавноста, дека г-дин Лазар Еленовски, исто како и во 2012 година, кога беше назначен за амбасадор во Брисел, така и сега, назначен е како специјален пратеник на Владата во НАТО, како кадровско решение предложено од партијата ДУИ“, се вели во соопштението од ДУИ.

Според партијата, Еленовски претставува исклучително стручен познавач на евроатлантските интеграции и со своето знаење и експертиза ќе обезбеди значаен придонес во евроатлантските аспирации на Република Македонија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...