Донатела: Нема веќе природно крзно во „Версаче“

241
EPA/DANIEL DAL ZENNARO

Модната дизајнерка Донатела Версаче изјави дека луксузниот бренд на нејзиното семејство нема повеќе да користи природно крзно во производите, објави „Гардијан“.

– Крзно? Завршив со тоа. Не сакам да се убиваат животни за да се создава мода. Тоа не е во ред – изјавила италијанската модна кралица и креативен директор на „Версаче“.

Во изминатиов период неколку светски познати модни куќи се откажаа од употребата на животинско крзно, како на пример „Гучи“, „Мајкл Корс“, „Томи Хилфигер“.

Фото: EPA/DANIEL DAL ZENNARO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...