ДОМ загрижена за идентитетските прашања

394

Централниот одбор на ДОМ расправаше за актуелните состојби во земјата.

Партијата ДОМ ќе продолжи да ги поддржува процесите на евро-атланска интеграција на земјата, кои ги гледа како единствена алтернатива за стабилност и просперитет на земјата и им дава поддршката на реформските процеси во насока на градење правна држава со висок квалитет на живеење, спремен да даде придонес во повеќе области, особено во областа на животната средина. Ова се дел од заклучоците од седница на Централниот одбор  на партијата одржана денеска.

Централниот одбор на ДОМ дискутираше за актуелната политичка ситуација, како и за организациски прашања.

Како што соопшти партијата, во повеќечасовната дискусија беше дискутирано за проблемите во спроведувањето на реформите, кои се неопходни за спречување на иселувањето, посебно на младите луѓе.

„Членовите изразија и загриженост за идентитетските прашања, во кои се задира по повеќе основи. Побараа надминување на поделеноста на општеството по сите основи, која, заедно со исклучивоста, се особено штетни во овие моменти“, соопшти ДОМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...