Доделувањето на Оскарите со рекордно ниска гледаност во САД

281

Свеченоста за доделување на наградата Оскар годинава привлекла рекордно низок број ТВ гледачи во САД – 26,5 милиони, односно првпат под 30 милиони.

Вообичаено, вечерта на Оскарите е најгледаното ТВ шоу по Супербоул натпреварот, но тоа не беше случај и годинава. Имено, Оскарите викендов го гледале помалку луѓе и од Зимската олимпијада минатиот месец, којашто ја следеле 27,8 милиони Американци.

Телевизиската публика, воопшто, се намалува, а рејтингот на Оскарите е поврзана и со успехот на номинираните филмови – „Обликот на водата”, којшто доби Оскар за најдобар филм, но по се, изгледа не е којзнае колку популарен, коментираат набљудувачите на филмската индустрија.

Рејтинг агенцијата Нилсен соопштува дека годинешната телевизиска публика на Оскарите е за 20 отсто помала од 2017., кога водител беше Џими Кимел, исто како и оваа година. Нилсен го мери рејтингот на ТВ шоуата од 1974 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...