Доброволците во АРМ дадоа свечена заклетва

230

 

Во гарнизон на АРМ „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес денеска свечена заклетва дадоа младите војници од 56. генарација на доброволно служење во АРМ.

На свеченоста присуствуваа командантот на Командата за обука и доктрини, полковник Љубенчо Петровски и командантот на Центарот за индивидуална обука потполковник Арбен Јакупи, кој им се обрати од свечената бина и на младите војници им ја честита свечено дадената заклетва.

Во наредните три месеци младите војници од оваа генерација во рамките на ЦИО, а предводени од искусни старешини на АРМ ќе треба да ја поминат основната воена обука. Од нивните редови потоа се регрутираат професионалните војници во АРМ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...