До септември СЈО ќе се скраси во ЈОРМ

1740

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) осум месеци е со врзани раце, бидејќи му истече мандатот да покренува обвиненија, па Катица Јанева очекува до јуни или најдоцна до септември годинава да се знае што ќе се случува со истрагите кои ги води нејзиното обвинителство.

Таа очекува согласно Стратегијата за реформи во правосудството, Владата наскоро да го реши статусот на СЈО.

Според оваа стратегија се предвидува СЈО да стане посебно одделение во Јавното обвинителство на Република Македонија (ЈОРМ), да добие пошироки надлежности и да ги истражува сите кривични дела од висок профил на корупција (White Collar Crime).

Специјалната обвинителка посочи дека за десетина дена, на 15 март кога ќе го објави извештајот за сработеното во последните шест месеци, треба да се знае и дали тие ќе го преземат случајот „Монструм“ во свои раце.

Одговарајќи на новинарско прашање, таа повтори дека е отворен предмет од „бомбата“ во која разговараат Беќир Асани и Али Ахмети за уривање на дивоградба спроти американската амбасада во Скопје, но не кажа до каде е истрагата и колку и кои лица се осомничени.

Оваа истрага СЈО ја презентираше во втората половина на декември лани, кога покрај оваа најави уште шест други оформени предмети. Дел од нив се во завршна фаза односно пред обвинение, а странките согласно закон се известуваат за прибраните докази, посочи Јанева.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...