Директорка и градоначалник издавале под кирија училишни простории, заработиле 438.910 денари

2986

Велешката полиција поднесе кривична пријава против Л.Т.(63) од Чашка за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување” и против Г.П.(47) од Велес за сторено кривично дело „несовесно работење во службата”.

За временскиот период од 25.04.2016 до 17.07.2017 година првопријавената, како директор на основно училиште „Тодор Јанев” во Чашка, без добиена согласност од општина Чашка и Министерството за образование и наука, склучила договор за сместување на работници од Градежно друштво од Скопје во ученичкиот дом кој функционира во состав на училиштето.

Второпријавениот, како градоначалник на Општина Чашка, на Л.Т. и дал усмена согласност за склучување на договорот. Со горенаведените дејствија пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 438.910 денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...