Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против А.М. (56) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Во текот на 2007 година, пријавениот како директор на Јавната здравствена установа „Завод за здравствена заштита” Охрид се запишал на постдипломски студии, кои биле финансирани од „Завод за здравствена заштита” Охрид и требало да ги заврши во одреден рок.
Пријавениот, до денот на поднесување на пријавата, не ги завршил студиите, ниту ги рефундирал примените парични средства со што се стекнал со материјална корист од 257.600 денари. За тој износ ја оштетил Јавната здравствена установа.