Димна бомба фрлена во косовското Собрание

430

Седницата на косовскиот Парламент на која треба да се ратификува Договорот за демаркација на границата со Црна Гора, што беше закажана за 11 часот, почна со задоцнување од 40 минути и веднаш беше дадена пауза.

Во текот на денешната седница, опозицијата фрли димна бомба, по што седницата е прекината.

Oпозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), поднесе барање за измена на еден од членовите на Договорот за демаркација на косовско-црногорската граница.

Во меѓувреме партеничката група на Српската листа потврди дека нејзините пратеници нема да присуствуваат на денешното продолжение на седницата.

На заседанието нема да присуствува ниту пратеникот од оваа пратеничка група, Адем Хоџа од Единствената горанска партија, за кого владејачкото мнозинство беше сигурно дека ќе го даде потребниот 80-ти глас за демаркација на договорот.

Претседателот на косовскот Парламент, Кадри Весели имаше средба со амбасадорите на земјите членки на ЕУ, по што изјави дека денеска конечно ќе биде заокружено прашањето со демаркацијата, со цел да не се блокираат перспектвите на граѓаните на Косово за визна либерализација и на другите интеграции.

Евроамбасадорката Наталја Апостолова и амерканскиот амбасадор Грег Делави апелраа до пратенците да го ратификуваат Договорот, затоа што тое е во нтерес на косовскте граѓани.

Според амбасадорот Делави, неопходна е ратификација на Договорот затоа што „Косово нема време за губење“.

Инаку, по непроверените информаци дека пратеници од опозициското движење Самоопределување претходно внеле солзавец во Парламентот, обезбедувањето во законодавниот дом потврди дека се превземени сите мерки.

Според најавите, се очекува за Договрот да гласаат 42-та пратеници на партиите од владината коалиција – Демократската партија на Косово (ПДК), Алијанската за иднината на Косово (ААК), Социјалдемократската иницијатива (НИСМА) и Алијансата за ново Косово (АКР), 27-те претставници на опозицискиот блок на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и десетмина пратеници на малцинските заедници, што вкупно се 79 гласа или еден помалку од непоходното двотретинско мнозинство.

Движењето Самоопределување со 19 пратеници, 12-те „одметнати“ членови од оваа партија, кои сега дествуваат како независни најавија дека нема да гласаат за демаркацијата.

Во отсуство на деветмината претставници на Српската листа и на пратеникот на Единствена горанска партија, Адем Хоџа, останува неизвесна ратификацијата на Договорот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...