Димитров заминува во прва официјална посета на Франција

170

Министерот за надворешни работи  Никола Димитров утре ќе престојува во прва работна посета на Француската Република.

Освен со министерот за Европа и надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан, Димитров ќе има средба и со Филип Етјен, политички советник на францускиот претседател, како и со претседателите на групите за пријателство во Националното собрание и во Сенатот на Франција.

Во рамките на посетата, шефот на дипломатијата ќе има и излагање на тема „Постигнувањата на Владата на Република Македонија во насока на остварување на заложбите за интеграција во европските и евро-атлантските структури“ на реномираниот Институт за меѓународни односи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...