Во сегашната привремена референца Поранешна Југословенска Република Македонија постои името Република Македонија и тоа е преведено на шестте официјални јазици во Обединетите Нации. Ако GornaMakedonija се изговори брзо може и да не звучи името како Македонија. Можам многу аргументи да најдам зошто не ми одговара, а сигурно и Коѕијас може да најде многу аргументи за неговиот став – рече министерот за надворешни работи Никола Димитров одговарајќи на прашање на грчки новинар зошто не прифаќа евентуалното решение да не биде преведено на англиски јазик.
– Ако се направи мало чекорче во еден правец, целата равенка се поместува. Мислам дека и од другата страна има вистинска желба ова да се надмине, на начин што нема да понижи никого, а ќе ги отвори вратите за иднината. Најлесно од сѐ е овие прашања да не се допираат, но ние и натаму ќе разговараме за ова тешко прашање. Ако треба ќе се видиме повеќе пати, додека не ги поместиме работите напред – рече Димитров.
Тој рече дека е ова е втора средба на која има вистински разговори за името и оти двете страни сакаат да се изгради доверба.