Димитров на инаугурација на групата „Пријатели на Македонија“ во ЕП

318

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Брисел ќе учествува на инаугурацијата на Групата „Пријатели на Република Македонија” во Европскиот Парламент.

Групата „Пријатели на Република Македонија“ е неформална група составена од пратеници во ЕП од различна политичка провиниенција, која во променет и проширен состав по пауза од речиси три години, ја обновува својата работа.

Групата е замислена како своевиден форум на обезбедување поддршка на Република Македонија во нејзините европски аспирации и цврста потпора на нејзиниот европски пат.

Како што соопшти МНР, Димитров ќе има излагање на инаугурацијата во кое ќе се осврне на актуелниот момент во односите меѓу Европската Унија и Република Македонија. Шефот на дипломатијата ќе оствари и повеќе одвоени средби со пратеници во Европскиот Парламент

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...