Димитров и Коѕијас ќе вечераат во Виена

Двајцата министри утре во Виена ќе имаат средба со медијаторот Метју Нимиц.

218

Шефовите на македонската и на грчката дипломатија, разговорите во Виена, исто како и минатиот пат, ќе ги започнат со заедничка вечера во Виена во пресрет на утрешната средба со медијаторот Метју Нимиц.

Информацијата ја објавија грчките медиуми, а дипломатски извори од македонското МНР за МИА потврдуваат дека Никола Димитров и Никос Коѕијас денес ќе имаат работна вечера.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Никос Коѕијас во Виена ќе пристигне од Албанија, откако од Министерството за надворешни работи на Грција соопштија дека тој денеска ќе престојува во Тирана, каде што ќе се сретне со неговиот албански колега Дитмир Бушати. Разговорите на двајцата министри ќе се фокусираат на следните чекори во рамките на дијалогот за решавање на нерешените билатерални прашања.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...