Димитров: Акцентирањето исклучиви позиции ги намалува шансите за решение

264

Доколку се акцентираат исклучиви позиции во јавноста, се намалуваат шансите на процесот за решавање на спорот меѓу Македонија и Грција околу името, изјави денеска шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, додавајќи оти е покорисно да се зборува за цели отколку за позиции.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со позицијата на Грција дека е потребна промена на македонскиот Устав за да се постигне решение за името, Димитров посочи оти смета дека е многу покорисно да се зборува за цели, односно што Грција сака да постигне во овој процес, а исто така и кои се целите на Македонија.

– Сметам оти на тој начин ќе имаме поголеми шанси за вистински да се надмине разликата и да дојдеме до компромис кој ќе биде прифатен од граѓаните на двете страни – рече Димитров на заедничката прес-конференција со неговата хрватска колешка Марија Пејчиновиќ Буриќ.

Додаде дека во целиот процес е пожелно доколку Македонија и Грција меѓусебно се натпреваруваат кој ќе покаже поевропски приод во овој билатерален спор во смисла на разбирање на другиот и вградување на европските вредности и принципи во процес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...