Најдобриот стрелец на Рома, Един Џеко, изјави дека резултатот од првиот меч од четврт-финалето на Лигата на шампионите против Барселона ќе беше поинаков, доколку холандскиот судија Даниеле Макели имаше храброст да досуди пенал против Каталонците во првото полувреме.
Барселона победи со 4: 1, Џезеко го постигна единствениот гол за римјаните, а при резултат 0:0, судијата по прекршок врз него не покажа на белата точка.
– Грдо е што немаат респект кон нас како тим. Ние не сме случајно во четвртфиналето. Да беше досуден пенал натпреварот ќе одеше во друг правец – рече Џеко.
Реваншот е за пет дена во Рим.