Фудбалерот на Рома, Един Џеко верува дека неговиот тим може да ја елиминира Барселона во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
– Ќе дадеме се од себе и верувам дека можеме да излеземе како севкупни победници. Ако играме тимски и дадеме максимум имаме шанса против силниот ривал. Мораме да играме без притисок и со голема желба. Самодовербата да ни биде на високо ниво и во ниту еден момент да не се предадеме, изјави Џеко.
Босанскиот репрезентативец смета дека Рома од пресметката со Каталонците нема што да загуби, туку како што вели, може многу да добие.
На првиот дуел закажан за 4 април, Барселона ќе биде домаќин на Рома, додека на 10 април е закажан реваншот во Рим.
ФОТО: EPA-EFE/CESARE ABBATE