На денешната работилница насловена „Со подобра исхрана на децата до подобро здравје и благосостојба“, посветена на исхраната на децата во градинките и основните училишта беше констатирано дека во Македонија има недоволна ухранетост од една страна, но и зголемување на телесната тежина кај децата од друга страна.
Ова е последица од неможноста дел од семејствата да обезбедат избалансирани оброци, но и поради недоволна свесност дека храната освен на физичкото здравје влијае и на нивниот когнитивен, емоционален и социјален развој и на способностите за учење.
Затоа, како што беше речено на оваа интерресорска работилница, се наметнува потребата државата преку контрола на квалитетот и нутритивната вредност на храната во градинките и училиштата да овозможи избалансирани оброци од една страна, но и да помогне врз формирање на здрави навики кај децата од друга страна.
Министерката за образование и наука Рената Дескоска истакна дека неодамнешна студија на Универзитетот Беркли покажала оти децата кои имале оброци со соодветна нутритивна содржина имале подобри резултати на државните независни тестирања.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.