Дескоска ги повика наставниците да ги поддржат ученичките да станат лидерки

175

Образованието е клучна алатка за промовирање целосна рамноправност помеѓу жените и мажите и за искоренувањето на стереотипите, соопшти Министерството за образование и наука по повод 8 Март кој, како што наведува, не потсетува на борбата на жената за нејзината рамноправна улога во општеството, жртвата и борбата за политичка, економска и социјална рамноправност.

„За да изградиме општество еднакво за сите, потребно е секој ден да се бориме за унапредување на родовата еднаквост и кршењето на традиционалните родови улоги. На секој ваш час, при секој контакт со учениците имајте на ум дека вие имате голема улога во формирањето и обликувањето на ставовите кај младите, ставови кои подоцна стануваат дел од нив како возрасни“, им порачува министерката Рената Дескоска на наставниците.

Во честитката за 8 Март таа нагласува и дека заедничка одговорност е да се пренесуваат заложбите за еднаквост и недискриминација низ секоја наставна содржина.

„Ве повикувам активно да придонесувате за градење систем кој ќе ги поддржува ученичките во нивното развивање како нови лидерки во општеството“, пишува во честитката на Дескоска. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...