Демири: Шефот на кабинетот на Бејат се почестил со 4 лап-топа и еден таблет

432

Во рамките на кампањата „Вистината за ДУИ“, портпаролот на Општина Гостивар, Јасин Демири, на денешната прес-конференција информираше за два случаи на флагрантно кршење на процедурите и за злоупотреба на работите на Општина Гостивар, од страна на шефот на кабинетот на поранешниот градоначалник Невзат Бејта.

– На 18.10.2013 Општина Гостивар се снабдела со таблет – Aplle iPad во вредност од 42.901 без отворен тендер. Приемот на стоката го потпишал шеф на кабинетот на поранешниот градоначалник со напомена дека таблетот се наоѓа во неговата канцеларија, но тој таблет, истото лице не го предало при напуштање на канцеларијата. Во случајов има две сериозни повреди, односно необјавување на тендер за јавна набавка со вредност повисока од 30.000 и класична кражба на општински ствари – истакна Демири.

Тој информираше и за злоупотреба на повеќе од 5.000 евра за лап- топ.

– Општина Гостивар на ден 17.10.2013 година се снабдела со четири лап-топа по поединечна цена од 76500 денари плус ДДВ. Никој досега не ги видел тие лап-топи во општината и не се знае каде завршиле истите. Иако нема потпис, се знае дека ги примил шефот на кабинетот на поранешниот градоначалник Невзат Бејтаи обвини портпаролот на општината.

Тој побара отчет од поранешната раководна структура на Општина Гостивар пред истражните органи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...