На покана од групата на европските конзервативци и реформатори, делегацијата на ГДУ е во неколкудневна работна посета на Брисел.
Серијата панел дискусии за европскта иднина на Македонија почна денеска под работен наслов „Македонија не е само име“.
Медијаторот на панелот беше европратеникот Ангел Џамбаски, а покрај него свое излагање имаа и Андреј Ковачев и РужаТомашиќ.
Делегацијата на ГДУ утре продолжува со посетата и ќе присуствува на работата на парламентарната група посветена на Западен Балкан.