Годинашното издание на музичкиот фестивал Егзит ќе го затвори францускиот диџеј Дејвид Гета со настап на главната бина, соопштија организаторите на фестивалот.
Во соопштението се наведува дека Гета е најуспешниот продуцент на денешницата и единствениот диџеј кој продал над 50 милиони албуми и синглови.
Исто така тој е добитник на две Греми награди и има повеќе од сто милиони фанови на социјалните мрежи.
Програмата на 12 јули на главната фестивалска бина ќе ја отвори американската рок кантавторка Лаура Перголици позната како ЛП.
Фестивалот Егзит ќе се одржи од 12 до 15 јули на Петроварадинска тврдина во Нови Сад.