Шпанскиот голман Давид де Геа наскоро ќе го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед, објавија англиските медиуми.
Со парафирањето на новата меѓусебна соработка која се очекува да се официјализира пред почетокот на Мундијалот (14 јуни-15 јули), Де Геа ќе стане вториот најдобро платен играч на тимот со плата од 350 илјади фунти неделно. Најголема плата има Алексис Санчез со 505 илјади фунти неделно.
Сегашниот договор на шпанскиот голман е до следното лето, но од „црвените ѓаволи“ имаат клаузула за неговото продолжување со година. Според актуелниот договор Де Геа има неделна плата од 210 илјади фунти.
ФОТО: EPA, RONALD WITTEK