Давидовиќ: Истекува рокот за обвинителен акт за настаните во Собранието од 27 април

610

Звонко Давидовиќ адвокат на еден од обвинетите за настаните во Собранието од 27 април минатата година, изјави дека очекува деновиве да биде објавен обвинителниот акт за овој предмет, бидејќи веќе истекува рокот.

Според него, преостануваат десетина дена. Давидовиќ потврди и дека добиле еден дел од доказите.

Во однос на одлуката на Врховниот суд за притворените пратеници и другите осомничени за настаните во Собранието од 27 април, рече дека се уште нема информација за тоа дали Судот донел одлука и се пожали дека во овој случај се пробиени сите рокови.

– За жал тоа е начинот на кој функционира судството веќе подолго време. Ние како бранители, а и осомничените некој пат дознаваме од средствата за јавно информирање, кои се поинформирани. Тоа го покажува односот на судството и почитување на законот и роковите. Ги пробија сите рокови, а се работи за најтешката мерка – вели Давидовиќ, кој е бранител на еден од обвинетите, во изјава за медиумите пред одржувањето на дебата на ФОН за „Демократска контрола над работењето на институциите на безбедносниот сектор – потреба и предизвици”.

Претседателот на Врховниот суд на РМ Јово Вангеловски изјави дека очекува во текот на денов да биде објавена одлуката по жалбите за притворите на пратениците.

Врховниот суд требаше решението за жалбите на притиворените да ја донесе минатиот четврток. Според претседателот на Врховниот суд, Вангеловски, судот не доцни со решение, туку се работи за сложен предмет за кој не може да се очекува да има брза одлука.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...