- Јас не сум автор на тие гнасни песни на кои стои како печат моето име и презиме. Ова е многу лошо што ми се случи, вели за Плусинфо Даниел Пиљаковски, момчето чие име и презиме стојат под скандалозните стихови во збирката „Млади поети“ што ја издаде Агенцијата за млади и спорт.
Тој претходно изјави дека негов пријател, Александар Блажевски од Ресен, кој пред неколку години му држел часови по математика, го замолил да се потпише во негово име за да може да конкурира.
Како што посведочи за ТВ 24 Блажевски бил на четириесетина години и поради неговата возраст не можел да се пријавил на конкрусот објавен од Агенцијата за млади и спорт, на кој старосната граница била 29 години.
Пиљаковски, кој е студент по фармација вели дека со објавените песни бил предизвикан срам на целото негово семејство кое случајот ќе го пријави во полиција.