Дали е смртта во согласност со уставот!?

Основно е да се соочиме со себе во својата вистинска, реална историска, политичка и културна димензија, да се измериме колку тежиме, да го поминеме сопствениот антидопинг тест, да се ситуираме во реалниот свет врз основа на неговите, а не нашите критериуми.

2271

Зошто светските телевизии пропуштаат да го следат одумирањето на една држава и нација. Во директни преноси. Зошто судбината на Македонците е помалку важна од судбината на белите мечки или од страдањата на жртвите на некоја голема железничка или бродска несреќа во Индија? Зошто не третираат пониско од Источна Гута, ако со сето „богатство“ од бомби, Гута ја третираат така како што ја третираат.

Без елементарна солидарност и сочувство? Зошто умирањето на некоја ѕвезда на милијарда светлосни години оттука се следи со поголемо внимание. Да не е причината во тоа што не сме доволно далеку? А ѕвезда сме. Не знам. Но, знам дека Си-ен-ен ќе имаше тука три екипи. Денеска. Да, да, да! Да бев јас некој шеф во Атланта.

Смртоносен инстинкт

Со мала доза на претерување, за потребите на огласувачите, би му сугерирал на нашиот Боби Крајст, драмата во малата балканска вукојебина, да оди под насловот „Смртта на една цивилизација“. Со јасни асоцијации на Маите, Ацтеките и Инките, или на културата од Велигденските Острови, се разбира, не според цивилизациските дострели, туку според таинственоста и магичноста на самиот чин на исчезнувањето, на неговите извори и причини, на недопирливоста на причината на смртта, на можната глупост или на некоја друга форма на нерационалност или, можеби, космичност, што стои зад тој чин. Гости во емисијата: животот и смртта, двете страни на вистината, што Боби или Чоми ќе ги испрашуваат до изнемоштеност.

А, можеби, и не е сè толку таинствено. Индијанците биле покосени од „белите“ вируси на конквистадорите, качувале висока температура, па се фрлале во студените реки да се изладат, како што им налагала културата, добивале пневмонија и умирале во тајна што не можеле да ја прокљуват. Како и Македонците денеска. Ние умираме од разликата со модерноста. Тоа може да биде причина да ја напаѓаме модерноста, но тоа не може да биде спас од смртта. Вирусот на таа разлика ни ја качува температурата и ние скокаме во Вардарот на светот како будали по крстот.
Мислам дека сепак треба да се истакнат два момента: Едниот е тој неверојатен смртоносен инстинкт обоен во патетичната форма на жртвата која се самопроизведува затоа што надвор од таа димензија мисли дека не може да постои и втората е некое магливо чувство дека од тој статус треба да се излезе ама со магла во видното поле.

Ова второто е второ можно читање на ситуацијата. Усвојувањето на Законот за јазиците во таква процедура во каква што беше усвоен, значи строго спротивставување не на демократските и парламентарни принципи, туку на криминалната злоупотреба на тие принципи од страна на македонската примитивност.
Можеби е тоа знак на тој нов почеток, на тоа враќање на Македонија кон себе, на тоа совладување на Македонија во нејзиниот политички фолклор, во нејзината патетична одлепеност и потонатост. Можеби е тоа знак дека конечно ќе тргне по патот да се хармонизира со својата внатрешна суштина како клучен услов да опстои, да преживее и да се развива. Да разбере дека да знаеш албански јазик не е хендикеп туку совладување на хендикепот, да знае дека ако имаш сè, името е пичкин дим и ако немаш ништо името е смртоносен пичкин дим. И така натаму.

Шанса за исчекор

Настаните ја потврдуваат мојата теза дека низ жесток, категоричен и беспардонен конфликт со себе, Македонија ќе преживее или ќе умре додека без тој и таков конфликт, просто, ќе ја снема. Тој конфликт на идеен и политичко-партиски и историографски план, мора да се води со злосторничката инсталација на вмро-дпмне сè до отстранувањето на последните микро честички на злото од националниот организам и мора да се води против хистеризираните делови на општеството, посебно на неговата морално и интелектуално распаѓачка елита. Чија одбрана на таканаречените национални интереси е бесрамна, луда што полуда не може да биде, имам впечаток дека тие луѓе под притисок на оглупавеноста што доаѓа со актот на вмровската чипираност и физички се деформираат, убави жени и мажи стануваат вештерки во таа инцестуозна врска со македонската кауза, кога самите себе си се ебат. Добро, понекогаш во здрав мозок, понекогаш во други отвори на телото, но се ебат како манијаци. Офкаат и стенкаат како керолајни и викаат „доста беше, доста им дававме на Албанците, доста Македонците си земаа самите од себе“ и слични оргазмички рефрени. Така треба да се реши и прашањето за името како и прашањето со лудиот претседател.

Не е проблемот во тоа што Македонија ги покажува сите слабости на една неконсолидирана демократија и незрела нација, проблем е ако нема да знае освестувањето од тоа да го претвори во шанса за решителен исчекор од себе.
Тоа е ризично и опасно, но нема друг пат. Основно е да се соочиме со себе во својата вистинска, реална историска, политичка и културна димензија, да се измериме колку тежиме, да го поминеме сопствениот антидопинг тест, да се ситуираме во реалниот свет врз основа на неговите, а не нашите критериуми. И тука ми дојде да заплачам ама се сетив дека солзата не е моја туку дека е грчева.

И затоа почнав да пеам, ирски ритам, со гитара и виолина, можеби и бенџо на мојот Пластик Оно Бенд од „Корзо“: О, мај Керолајн, дал си северна ил си јужна или можда ни си, неќу те питати, оќемо се јебати, лебати, то хоќу знати, реци!?
Хахаха.

Не ја давајте Македонија ако сакате остатокот на светот да остане чист.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...