Бурата „Виндмагедон“ уби пет лица во САД

223
Пет лица настрадаа во силната бура, која го зафати брегот на Атлантскиот Океан и североисточниот дел на САД. Бурата донесе ветрови со  сила на ураган, дожд и снег, поради што е пореметен сообраќајот, а повеќе од 1,6 милиони луѓе останаа без електрична енергија.
Петте лица загинел кога врз нив паднале дрвја. Меѓу загинатите се две момчиња, 16-годишен од Вирџинија и 11-годишен од државата Њујорк, а дрвјата кое паѓало во налет на невремето усмрти и двајца мажи од Вирџинија и Њупорт, додека 77-годишна жена настрадала пред нејзината куќа во Балтимор.
Новата бура, која е наречена „Виндмагедон“, го зафати подрачјето од Северна Каролина до Мејн.
Авиокомпаниите во североисточниот дел на САД, откажаа повеќе од 2.800 летови, додека аеродромите во Њујорк речиси се во целосен застој.
Федералната влада на еден ден  ги затвори сите канцеларии во областа Вашингтон.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...