Бугарски државјани добија кривични за криумчарење мигранти

На пријавените лица им е одредена мерка притвор во времетраење од осум дена. Дел од мигрантите се сместени во Прифатниот центар, додека останатите се предадени на грчките погранични служби.

113
Foto: MVR

Регионалниот центар за гранични работи- Југ до Основното јавно обинителство поднесе кривична пријава против Љ.Б.(63), П.Х.(59), И.Р.(53) и Т.Т.(24), сите од Република Бугарија, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418-б став 2 од КЗ.

На пријавените лица им е одредена мерка притвор во времетраење од осум дена. Дел од мигрантите се сместени во Прифатниот центар, додека останатите се предадени на грчките погранични служби.

Полицијата соопшти дека четворицата бугарски државјани на 09.03.2018 година во 10.30 часот блегле во земјава на граничниот премин „Богородица“ со мини бус марка „ивеко“ со бугарски национални ознаки. Возилото го управувал Љ.Б., додека другите три пријавени лица биле негови сопатници.

„При извршени дополнителни проверки на возилото од страна на полициски службеници и царински работник, во посебно направен бункер во горниот дел од возилото биле пронајдени осум илегални мигранти од машки пол“, соопшти МВР.

Мигрантите се на возраст од 18 до 41 година, пет од нив се од Шри Ланка, а тројца од Авганистан.

Во разговор, мигрантите појасниле дека од страна на пријавените лица и непознато лице од Атина биле прифатени и за определен надомест требало да бидат превезени до Италија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...