По повеќе од десетгодишна пауза брзинскиот мотоциклизам повторно е дел од системот натпревари на Мотоциклистичката федерација на Македонија. Новото раководство на федерацијата со помош на државата ги враќа сите шампионати во својот календар.
– Ова е навистина радосна вест за сите вљубеници во брзинскиот мотоциклизам, да уживаат на натпревар од Шампионатот на Македонија на патеката во Серес, Грција предвиден за викендот 6,7 и 8 јули каде што ќе се одржат два натпревара од календарот за 2018 година, соопштија од МФМ.
Ќе се одржат трки со мотоцикли до 125 кубни сантиметри; мотоцикли до 600 кубни сантиметри сериски мотоциклисти; мотоцикли до 600 кубни сантиметри, натпреварувачка спецификација; мотоцикли до 1000 кубни сантиметри, сериски мотоцикли и мотоцикли до 1000 кубни сантиметри, натпреварувачка хомологација.
Трката ќе биде организирана во соработка со Балканската мото унија.
– Во иднина амбицијата на новото раководство на федерацијата е да се погрижи сите мотоциклистички шампионати да добијат сопствени патеки каде би се организирале идните национални и меѓународни натпревари, информираат од МФМ.