На 9 септември легендарниот Брајан Фери ќе одржи концерт во салата на Македонска филхармонија.
Фери, придружуван од 12 неверојатни музичари на сцената, ќе настапи со сите негови хитови (Avalon, Slave To Love, Don’t Stop The Dance, Jealous guy..), како и со песните од неговиот последен албум „Avonmore“.
Фери е еден од највлијателните и најиновативни артисти на светот на сите времиња и ова ќе биде можеби последна можност да се види во живо во Македонија.
Фото: EPA/CYRIL ZINGARO