Бошњаковски: Опозицијата да ја преземе одговорноста за реформските закони

133

Време е опозицијата да ја преземе одговорноста за пакетот реформски закони, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање за текот на процесот за спроведување на реформите во правосудството за кое е потребно двотретинско мнозинство во Собранието.

Додаде дека работните парламентарни групи веќе разговараат за целиот пакет закони, како и за севкупното откочување на работата на Собранието.

Бошњаковски најави дека уште во текот на денов е можно состанок да одржи работното тело за спроведување на реформите во правосудниот систем, одговарајќи на прашањето дали тоа тело воопшто функционира по оставката на министерот за правда Билен Салији.

Додаде дека министерот за правда по функција е член на тоа тело и оти по оставката на Салији ќе се чека именување на нов министер кој исто така ќе биде составен дел од работното тело.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...