Бошкоски: Полицајците кои ме апсеа во 2011, денеска беа нешто тажни

3579

После седум години денеска прв пат ги видов лицата кои ме уапсија за случајот кој подоцна од Специјалното јавно обвинителство доби име „Тортура“. Тоа се истите ликови, сега само не се толку расположени како тој ден кога ја извршуваа задачата од наредбодавецот, нивниот шеф, тогашниот директор на УБК, рече екс министерот за внатрешни Љубе Бошкоски, на денешното рочиште на случајот „Тортура“, пишува Судство.мк.

– Мислам дека конечно ќе профункционира правната држава и дека сите ќе ги стигне правдата. Ова судење ќе биде како една мала порака како не треба во иднина да се применува законот. Мислам дека судот ќе одлучи по доказите со кои располага и правдата ќе ги стигне сите кои се огрешиле пред законот. Не сакам ништо да прејудицирам. Знам дека целата македонска и светска јавност слушна во каков тоталитален режим живееше Република Македонија и навистина ниту имам потреба Мијалков да го видам на судењета. Но, доколку судот одлучи дека треба да се појави, тој сигурно ќе дојде – изјави Бошкоски.

Во судскиот предмет „Тортура“ обвинети се шестмина припадници на полициската единица „Алфи“ и тоа Ивица Антевски – Пуки, Новица Станковски, Јован Боцевски, Петар Милошевски, Филип Атанасов и Метуш Шабани.

Предметот го суди судијката Александра Ристеска која одлучи стартот на процесот да биде одложен бидејќи скопска Апелација не се изјаснила за обвинителниот акт против екс шефот на УБК Сашо Мијалков кој исто така е обвинет во овој процес. Судењето се одлага за 23 март.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...