„Боксинг Деј“ и скратени трансфер рокови во Серија А

126

Во најсилната италијанска фудбалска лига почнувајќи од сезоната 2018/19 ќе има промени во натпреварувачкиот календар и кај должината на трансфер роковите.

Предвидено е да се играат натпревари на католички Божиќ, пракса позната како „Боксинг Деј“ која досега се применуваше само во Премиер лигата.

Калчолигашите ќе играат натпревари на претпоследниот ден од годината (30 декември).

Што се однесува до преодните рокови, тие ќе бидат скратени. Летниот наместо до 31 август ќе трае до 18 август, додека зимскиот е поместен од 31 на 19 јануари.

Сезоната ќе биде отворена со Суперкупот закажан за 12 август.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...