Богоев се сретна со српската амбасадорка

618

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев денеска оствари официјална средба со амбасадорката на Србија во Македонија,  Душанка Дивјак – Томиќ.

На средбата се разговараше за повеќе актуелни случувања во Карпош и проблеми со кои се соочува Општината.

Амбасадорката Дивјак – Томиќ се интересираше за урбанистичкото планирање во  Карпош и урбанистичката визијата во претстојниот период.

Градоначалникот Богоев нагласи дека ќе опстои на даденото ветување, урбанизацијата да биде планска и да се дисперзира во периферните делови на локалната самоуправа.

– Градот Скопје, но и Карпош се шират по сите основи. Веќе постои тенденција луѓето да “бегаат” од централното градско подрачје и да живеат во околните делови на Градот, кои треба инфраструктурно да ги зајакнеме – рече Богоев.

Амбасадорката се интересираше и за локацијата за новиот Клинички центар и ја поздрави одлуката, т.н. Медицинскиот град  да се гради на локација меѓу Бардовци и Злокуќани.

Во оваа насока и градоначалникот Богоев напомена дека за граѓаните ќе се зголеми атрактивноста на овој дел од Карпош, но, и за домашните и странски инвеститори.

На средбата се разговараше и за соработката која ја има Општина Карпош со општините Нови Београд и Врњачка Бања. Во контекст на тоа, постои простор за зголемување на комуникацијата и споделување на позитивните искуства, со Нови Београд, при изработка на картичката за попусти и бенефиции за карпошани (која веќе постои во оваа збратимена општина), а со Врњачка Бања во сферата на културата и локалниот развој.                    

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...