БЕСА: Касами и неговиот клан ќе одговараат за киднапирање и фалсификување

211

Во Јавното обвинителство вчера во име на 32 правни основачи на Движењето БЕСА (од вкупно 57) –против поранешниот претседател на движењето е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената должност и фалсификување на документацијата, информирааат од оваа политича партија.

Движењето БЕСА вели дека во Управниот суд е поднесено и барање за поништување, како што велат, на фалсификатот што го направил поранешниот претседател Билал Касами.

Реакијата ја пренесуваме во целост:

„После ова, тој и неговиот клан, од кои некои се повикуваат на легалноста, сега веќе ќе треба да одговараат пред органите на правдата за киднапирање на политичката партија за тесни лични и клански интереси. Притоа уште еднаш повторуваме дека ова манипулација е направена во времето кога активистите на БЕСА му веруваа нему и покажуваа лојалност кон него, што подразбира дека задачата за поделба и уривање на БЕСА тој ја започнал одамна, се разбира под директива.

Поаѓајќи од ова, уште еднаш ги повикуваме и оние, кои можеби во недостаток на потребните информации заземале погрешна страна, да сфатат дека поранешниот претседател на Движењето БЕСА наскоро ќе седне на обвинителната клупа за фалсификување. Затоа, ги повикуваме сите да се позиционираат на страната на правдата и да знаат дека не само идејата, туку и организацијата Движење БЕСА, била и ќе остане против тие кои со манипулација се трудат да ја здржат позицијата.

Правдата може да доцни, но не заборава. Беса, и покрај штетата и предавството што и го нанесоа, ја продолжува мисијата на заштита на идеалот и идејата“, се вели во реакцијата на БЕСА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...