Белград како Јагодина

723

Само популистичките движења (Вучиќ, Ѓилас, Шапиќ, Палма) го поминаа цензусот на локалните избори во Србија.

Профилираните политички партии невидливи. Белград гласаше за комунизам и национализам: за феудални односи во државата и општеството, за клиентилизам, протекционизам и социјална демагогија. Наместо политика, лични односи на власта и опозицијата, пишува професор Никола Самарџиќ во Данас.

Вучиќ забележа како гласачите ја напуштија Демократската странка и во неговата порака се почувствува предупредување и за него самиот. Една четвртина од белградскиот електорат е негов, но кампањата го потврди заканувачкото заострување на општенствените судири, земајќи го во предвид и несигурното место кое го зазема Србија во меѓународните односи.

Во финалето Белград е понижен со статусот на Додик,  со неговите две живеалишта и две избирачки права. Сеедно дали е нелојален на ентитетот чив претседател е, и на државата на која би сакал да биде копретседател, и на Србија, во која го крие пленот и граѓанскиот статус. Соседскиот соучесник, и за европската ориентација на Србија и за популизмот, кој е регионален симбол не е Додик, туку Ѓукановиќ, кој ја внесе Црна Гора во НАТО, се дистанцираше и од радикалните елементи во српската влада, и од сите во опозицијата (ДС, Ѓиласовата листа) кои рушејќи го него ги донесоа демократските капацитети на Србија до уште еден изборен дебакл.

Во општеството не се приметува победничката еуфорија. На страната на опозицијата, праведниот гнев е порационално да се насочи кон мониторинг на новите власти во Белград и грижата за заедничките приоритети, како и на поддршката на  државната политика која ја избраа нашите поуспешна соседи.

Алтернативата е Србија да биде Доњецк, а Белград како Јагодина.

Подготви: А.Ј.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...