Бејли: Македонија и Грција да дојдат до заедничко решение

623

Американскиот амбасадор Џес Бејли денеска го повтори ставот на американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел кој вчера за време на посетата на Скопје изјави дека САД се заинтересирани спорот за името да биде решен и оти одлуката за тоа треба да ја донесат Македонија и Грција.

– Ние внимателно ги следиме Македонија и Грција, кои се наши пријатели и сојузници. Се надеваме дека тие заедно ќе можат да дојдат до заеднички прифатливо решение за името кое ќе им помогне на двете држави и на регионот, изјави амабсадорот Бејли на новинарско прашање за време на првиот годишен Форум на градоначалници во организација на Мировниот корпус на САД во Македонија и Министерството за локална самоуправа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...