Пред речиси три години беа објавени аудио снимки за „пазарењето“ со името од страна на Милошоски, Груевски и Мијалков и немаше никакви протести пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ затоа што преговарале за името и прифатиле грчки предлог. Немаше ниту трибини на „интелектуалци“, ако добро се сеќавам.
Од аудио снимките можеше да се чуе дека Никола Груевски прифатил грчки предлог и дека со задоволство би одел на референдум:
„НГ: Има уште едно прашање, он даде предлог, кое што е нешто као компромисен, го мислевме неколку дена и го прифативме. И он вика е сега, сега треба ја моиве да ги убедам
…
НГ: Ја му викам на Фуле коа беше, викам еве ние прифативме, еве нека го прифатат они тоа што нивниот претставник го предложи и сме ја завршиле работата одиме на референдум.“
Од аудио снимките можеше да се чуе дека Антонио Милошоски заговара да нема скратено име и да има „сложено име, посложено здравје“:
1) Да нема скратено име: „Нема да има short name. Ние ќе им кажеме дека во официјалните називи, може тоа да биде и дел од Спогодбата, дека секаде Македонија ќе оди со единственото, официјално име. Нема да има short name како Macedonia или не знам што.“
2) Да има „сложено име, посложено здравје“: „Значи, ако јас имам два избори: едната да биде Горна Република Македонија или на англиски Апер Репаблик оф Маседониа, и втората да биде Индипендент Рипаблик оф Маседониа во заграда Апер, јас како Македонец, гледано вака долгорочно би одел на втората.
НГ: Во заграда ВАРДАР?
АМ: Или да, или во заграда Вардар, да. Кога би бирал помеѓу Вардар Рипаблик оф Маседониа и Апер Рипаблик оф Маседониа како едно име, без загради и без ништо друго, или Индипендент РМ во заграда Вардар или во заграда Горна, јас би ја одбрал ова опција со заградата“.
И така, одеднаш, две години подоцна, откако ги премолчеа преговарањата и ставовите на Груевски, Мијалков и Милошоски, на некои преродени „интелектуалци“ им текна да држат трибини за името и идентитетот.
Е, многу рано ви текна, по 25 години разговарање, договарање, преговарање.
(ФБ статус на авторот)