Бебе старо 10 дена однесено во полиција поради негрижа од родителите

Како што соопштија од МВР, лицата изјавиле дека бебето било запуштено и без грижа од родителите М.Ш. и К.Н.

399

Две малолетни лица на возраст од 16 и 17 години завчера пред полноќ во Полициската станица Бит-пазар донеле новороденче родено на 4 март, кое не било пријавено во евиденциите на Матичната книга на родените.

Како што соопштија од МВР, лицата изјавиле дека бебето било запуштено и без грижа од родителите М.Ш. и К.Н.

– Од страна на полициски службеник бил извршен разговор со родителите, а новороденото бебе било предадено на социјален работник од Јавната установа-Меѓуопштински центар за социјална работа Скопје. По целосно расчистување и документирање на настанот, против родителите ќе биде поднесен соодветен поднесок – наведуваат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...