Бајрам побара Заев да вработи советник Ром

Заев одговори дека во текот на април има намера да го пополни слободното место - советник за ромски прашања. 

310
20121224 Monday 1026 amdi bajram

Пратеникот Амди Бајрам на денешната седница за пратенички прашања го праша премиерот Зоран Заев за тоа дали размислува да вработи советник од ромска националност во неговиот Кабинет. Заев одговори дека во текот на април има намера да го пополни слободното место – советник за ромски прашања.

– Јас познавам многу квалитетни Роми и верувам дека ќе се мотивираат да конкурираат. Се надевам на квалитетни кадри, за да може Роми да се борат за ромските прашња – рече Заев.

Според Бајрам не е важно кој ќе биде, туку важно е да биде образуван, а такви Роми има.

Бајрам ги праша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски зошто на конкурсите што ги објавува МВР не се вработуваат Роми и кога тие ќе бидат рамноправни со другите.

Министерот Спасовски рече дека има распишано конкурс минатата година за прием на нови полицајци и оти според законот се избираат 550 полицајци.

– Во селекцијата досега според информации од Комисијата имаме различна национална структура во однос на кандидатите. Јас очекувам на крајот на селекцијата да имаме доволно кандидати кои припаѓаат на сите заедници, вклучително и на ромската – рече Спасовски.

За жал, како што посочи, точно е дека на изминатите конкурси нема ниту еден вработен од ромска националност.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...