Дефанзивецот на Наполи, Елсеид Хисај е блиску до трансфер од 50 милиони евра, тврди „Тутоспорт“.
Износот за кој станува збор е заложен како клаузула за откуп во неговиот договор, а неговиот агент го известил раководството на Наполи дека постои кандидат кој е подготвен да го активира.
Условот што идниот клуб мора да го исполни е да ја активира клаузулата од 30 јуни до 15 јули.
Меѓу тимовите кои се заинтересирани за албанскиот репрезентативец Хисај се Манчестер Јунајтед и Арсенал.
Дваесет и четири годишниот дефанзивец беше купен од Емполи пред три сезони за 5 милиони евра. Албанскиот репрезентативец, исто така, може да игра и на левата страна.