Аргентинец административно си го сменил полот за порано да оди в пензија

398

Даночен службеник од Аргентина решил да си го смени полот наведен во личните документи, како што му дозволува законот, за да може да се пензионира на 60 години како жена наместо на 65 како маж, пренесе АФП.

Сергио Лазаревич (59) во иднина се претставува како Серхија Лазаревич. Се работи за разведен човек во врска помлада жена кој пронашол дупка во законот со кој им се дозволува на травеститите да си го сменат полот во граѓанските документи, без да мора да направат операција.

– Ова е очигледен случај на злоупотреба како на пензискиот систем, така и на законот за полов идентитет, изјави директорот на Службата за граѓански права во провинцијата Салта, Матијас Асенато

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...